"Нарлидере кооператифи" од Турција влегува во Македонија со инвестиција од 2 милиони евра со цел да внесе новости во аграрниот сектор. Инвестицијата вчера во Министерството за земјоделство ја презентираше заменик-министерот Перица Иваноски, кој нагласи дека на 30 хектари во Валандовскиот регион Нарлидере" ќе инвестираат во овоштарството, но планот им е да се прошират на 200 хектари. Во Валандовскиот регион се планира на околу 30 хектари земјиште добиено по јавен оглас да се насадат овошни насади, по што ќе биде отворен и дистрибутивен центар на неколку видови овошје. Потоа, сакаме да го зголемиме земјиштето на 200 хектари, да донесеме нови видови овошје и да изградиме бренд. За инвестирање во овој регион не привлече климата и добрите услови за продажба. За време на презентацијата на новите инвеститори беше промовиран и водич за странски директни инвестиции во македонскиот агро-прехранбен сектор.
"Нарлидере кооператифи" од Турција влегува во Македонија со инвестиција од 2 милиони евра со цел да внесе новости во аграрниот сектор.
Инвестицијата вчера во Министерството за земјоделство ја презентираше заменик-министерот Перица Иваноски, кој нагласи дека на 30 хектари во Валандовскиот регион Нарлидере" ќе инвестираат во овоштарството, но планот им е да се прошират на 200 хектари.
- Во Валандовскиот регион се планира на околу 30 хектари земјиште добиено по јавен оглас да се насадат овошни насади, по што ќе биде отворен и дистрибутивен центар на неколку видови овошје. Потоа, сакаме да го зголемиме земјиштето на 200 хектари, да донесеме нови видови овошје и да изградиме бренд. За инвестирање во овој регион не привлече климата и добрите услови за продажба - изјави на промоцијата Алмет Сакин од Нарлидере кооператифи".
За време на презентацијата на новите инвеститори беше промовиран и водич за странски директни инвестиции во македонскиот агро-прехранбен сектор. Во водичот се опфатени генералните поволности за инвестирање во земјата, како и достапните ресурси за производство. Наскоро водичот ќе биде преведен на неколку светски јазици и доставен до економските промотори на Македонија.
- Опфатена е и презентација на конкурентните земјоделско-прехранбени потсектори, постапките за увоз, извоз, промет со земјоделско-прехранбени производи и инпути и производство на храна, маркетинг со земјоделско-прехранбени производи, надворешната трговска политика и политиките на Владата во однос на поддршка на секторот - рече Иваноски.
Тој потенцираше дека покрај промоцијата на водичот се подготвуваат и 15 нови локации за огласување кај потенцијалните инвеститори од земјава и странство. Целта е да се зголемат директните странски инвестиции во земјоделско-прехранбениот сектор, нови вработувања, поголем обем на производство и извоз и проток на информации за странските пазари.